Јавни институции не склучиле договори за снабдување со струја, па сега плаќаат 50 отсто повисоки сметки

Јавни институции, како и основни и средни училишта, не склучиле навремено договори за снабдување со електрична енергија, па сега го опртоваруваат буџетот на општините или на централната власт, обвини денеска минситерот за економија Крешник Бектеши.
– Има одредени компании, јавни институции, средни и основни училишта, кои до ден денеска немаат договор за снабдување со електрична енергија, и за жал непотребно го трошат буџетот, било тоа да е на локалната самоуправа или пак на централно ниво. Затоа што тие средства може да се користат за инвестиции за подобрување на условите, а тие од јануари досега ги немаат склучено договорите и плаќаат 50-тина отсто поскапа енергија од тоа што е на берзите. Затоа ќе побараме извештаи кон почетокот на октомври, за тоа колку се штеди електрична енергија и од овие институции и тоа дали ги склучиле соодветно договорите – рече Бектеши на прес-конференција.
За дополнително да им излезат во пресрет на компаниите, и не само на компаниите, туку и на јавни претпријатија кои се во сопственост на локалната и централната власт, како и основни и средни училишта, денеска Министерството за економија достави предлог, кој го прифати и Владата, да се утврди највисока маржа, која ќе изнесува 10 отасто, што трговците ќе можат да ја стават за тие што ги снабдуваат на отворен пазар, а дополнително на тоа донесена е препорака која ја прифати Регулаторната комисија, за делот на маржите во краен случај која е намалена од 50 на 20 отсто.
Како што пресмета минситерот, ако денеска ценат ана струјата изнесува 400 евра по мегават час, максималната цена што некој ќе ја плати е 440 евра. Со неодговорното однесување на некои компании, јавни претпријатија и други субјекти, тие плажаат струја и по 600 евра, што ако навремено (во јануари) потпишеле договри, сегашната сметка ќе им била пониска за 160 евра.