Јавна трибина за војната во Иран и нејзините импликации врз регионалната безбедност и македонската економија
Институтот за меѓународни, стратегиски и безбедносни студии „Радика“ денеска во Порта Македонија во 11 часот организира јавна трибина на тема „Војната во Иран и нејзините импликации за регионалната безбедност и за македонската економија”.
Во дискусијата, како што најавува, ќе се вклучат експерти, членови на дипломатскиот кор, претставници на академската заедница и на цивилното општество, а целта е да се развие расправа за актуелните случувања околу војната во Иран, состојбата на Блискиот исток, како и нивните пошироки геополитички, безбедносни и економски импликации за Македонија и за регионот.
Воведни обраќања ќе имаат основачите на Институтот: Кирил Миновски, поранешен министер за финансии, Далибор Јовановски, универзитетски професор, Жидас Даскаловски, универзитетски професор, Раби Седрак, безбедносен аналитичар и Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за европски прашања.
Дискусијата ќе опфати неколку прашања од посебна важност за сегашните глобални односи, вклучувајќи: Геополитичка динамика во развој по избувнувањето на конфликтот на Блискиот Исток и неговото влијание врз глобалната стабилност, Импликациите за меѓународната безбедносна архитектура и регионалната безбедност на Западниот Балкан, Улогата на главните глобални и сили во обликувањето на случувањата на Блискиот Исток, Економски последици, вклучувајќи ефекти врз енергетските пазари, трговските патишта и глобалните синџири на снабдување, Импликации за економската стабилност и политичкото опкружување на Македонија и Пошироки дипломатски и стратешки размислувања за малите држави во брзоменувачкиот меѓународен поредок.