Јавна расправа за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство
Собраниската комисија за еднакви можности на жените и мажите, во соработка со Клубот на пратенички и Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска ќе одржи јавна расправа на тема „Спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство“.
Како што информираат од собраниската прес-служба, предвидени се обраќања на претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите Жаклина Пешевска, заменик-шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Сузан Пенкса, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски и заменик-генералниот секретар на Собранието, Бобан Стојаноски.