Јавен повик до Општините и Градот Скопје за обезбедување средства за давање социјални услуги

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, објави јавен повик на Министерството до Општините, Градот Скопје и Општините во градот Скопје за обезбедување на средства за давање на социјални услуги, со цел да продолжи давањето на социјалните услуги воспоставени на локално ниво од страна на општините.
-Јавниот повик до општините ќе биде отворен до крајот на годината (31.12.2022год). Се обезбедуваат средства за општините со цел давање на социјалните услуги:
Услуги во заедницата (дневен престој и индивидуален третман на лица со попреченост) – стои во објавата на Тренчевска.