Јавен настан „Етичка употреба на вештачката интелигенција: Кој ја има контролата – луѓето или алгоритмите?“


Јавен настан „Етичка употреба на вештачката интелигенција: Кој ја има контролата – луѓето или алгоритмите?“, ќе се одржи денеска во просториите на „Инокс иновацискиот центар“.

Настанот е организиран од страна на германската Фондација за слобода „Фридрих Науман“ (ФНФ), Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Националното студентско тело (НСТ).

Како што соопштија организаторите, вој настан е прв од ваков тип кој на едно место ќе ги обедини претставниците на универзитетите, креаторите на политики во делот на дигиталната трансформација, како и студентите со цел организирање на интерактивна работилници и дискусија за етичките предизвици и можности што ги носи вештачката интелигенција во високото образование.

Настанот е предвиден да започне со работа во групи на повеќе од 30 студенти, нивни професори ментори и менторки, како и претставнички и претставници на различни граѓански организации, стопански комори и слично. Теми на кои ќе се бараат решенија и предлози на тема „Етичка употреба на вештачката интелигенција (ВИ)“ се: 1) Етичката употреба на ВИ во наставата и учењето; 2) Етичката употреба на ВИ во академските истражувања; и 3) Етичка употреба на ВИ во универзитетската администрација.

Наодите и предлозите ќе бидат презентирани од страна на координаторите на секоја работна група по што ќе следи заедничка панел дискусија на тема „Етиката на ВИ во високото образование: Навигација низ предизвици и можности“ на која говорници е предвидено да бидат министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, претседавачот на Националното студентско тело, Александар Николовски, професорот на Филозофски факултет при УКИМ, д-р Боби Бадаревски и м-р Јована Добрева од ФИНКИ.