Јапонката Наоми Осака победи на Австралија опен
Австралија– Јапонката Наоми Осака утрово победи на Отвореното првенство на Австралија, освојувајќи ја нејзината четврта гренд слем титула. Дваесет и тригодишната Осака беше подобра во финалето од Американката Џенифер Брејди со 2-0 во сетови.

Утре од 9.30 часот на „Род Лејвер“ арена во Мелбурн ќе се игра машкото финале меѓу Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев.
Ѓоковиќ втора година по ред ќе ја брани титулата на Отвореното првенство на Австралија, откако по деветти пат се пласираше во финалето на овој гренд слем турнир.