Јапонка освои олимписко злато на 14 години

Уличниот скејтбординг е спорт во кој доминираат тинејџери, а Коко Јошизава, на Олимписките игри во Париз освои златен медал и со 14 години стана трета најмлада натпреварувачка со злато во историјата на Летните Олимписки игри.
Јошизава, родена на 22 септември 2009, собра 272,75 поени од нејзините три најдобри возења.
Лиз Акама, која има 15 години, го освои среброто со 265,95 поени, а Рајса Леал со 253,37 поени се закити со бронза.
Инаку Јошизава е втора најмлада јапонска натпреварувачка која освоила злато на Олимпијада. Прва е Момиџи Нишија, која во Токио 2020 го освои првото место во женски училен скејбординг на 13 години и 330 дена.
Сепак, најмладата спортистка во историјата, која освоила златен медал на ЛОИ е Американката Марџори Гестринг која победи во нуркање на 13 години и 268 дена, во 1936 година.