Јапонија прва почна преговори со владата на Трамп за царините. Ќе траат со месеци
Јапонија е еден од најблиските сојузници на САД. Министерот за финансии, Скот Бесент, вели дека „преговорите ќе бидат тешки“. Самиот Трамп ќе се вклучи во нив

Американскиот министер за финансии Скот Бесент во неделата отпатувал за Флорида за да го охрабри претседателот Доналд Трамп да ја фокусира својата порака на преговарање поволни трговски договори – или да ризикува дополнително да ја поткопа берзата, според две лица запознаени со разговорите, на кои им дадоа анонимност да споделат детали за нив.
„Ставот на Бесент беше: ‘Пазарите ќе продолжат да се топат освен ако не ја промените насоката’“, изјавило едно лице запознаетот со разговорите за американски „Политико“. „Нема да ја напуштите политиката, но мора да зборувате за преговарање и каков е крајот на играта“.
Состанокот бил како можност да се дознаат следните чекори откако 50 земји се јавиле да разговараат за новиот тарифен режим на САД по „шок и стравопочит“ од минатонеделната најава за „Денот на ослободувањето“. Целта на воведувањето тарифи на Трамп од 2 април беше да се создаде „максимално влијание“ врз странските влади, аргументирал Бесент.
Во понеделникот, Бесент објави на Икс дека Трамп му наредил нему и на трговскиот претставник Џејмисон Грир да започнат преговори со Јапонија за царините. Тоа ја прави Јапонија првата земја што официјално започна разговори за трговијата со САД. И додека Белата куќа напредува во преговорите со Јапонија, Трамп ја засилува трговската војна со Кина, заканувајќи се дека ќе наметне давачки од 104 отсто на Пекинг, потег што сам по себе веројатно ќе предизвика значителен страв на пазарот.
„Јапонија останува меѓу најблиските сојузници на Америка и со нетрпение го очекувам нашиот претстоен продуктивен ангажман во врска со тарифите, нетарифните трговски бариери, валутните прашања и владините субвенции. Ја ценам достапноста на јапонската влада и одмерениот пристап кон овој процес“, рече Бесент во објавата на Икс.
Тој додаде дека повеќе од 50 земји одговориле „отворено и позитивно“ на тарифите на Трамп и дека САД со нетрпение очекуваат значајни преговори со нив во текот на следните недели. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, за време на посетата на Белата куќа во понеделникот, вети дека брзо ќе го затвори трговскиот јаз и ќе ги намали трговските бариери со САД.
Бесент во интервју во понеделникот попладне за телевизијата Фокс дека преговорите би можеле да траат со месеци, до мај, а можеби и до јуни, и рече дека Трамп лично ќе биде вклучен во нив.
„За земјите кои не возвраќаат, ние сме на максимално ниво на царини. И се надевам дека, преку добри преговори, сѐ што ќе направиме е да видиме намалување на нивото. Но, тоа ќе зависи од другите земји“, рече Бесент. „Преговорите ќе бидат тешки“.
Јапонија испраќа тим да преговара за трговијата, рече американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека претходно во понеделникот разговарал со јапонскиот премиер Шигеру Ишиба, кој одделно кажа дека му рекол на Трамп да ја преиспита тарифната политика.
Одлуката на Трамп да воведе давачка од 25 отсто за увоз на автомобили и реципрочна царина од 24 проценти за други јапонски стоки, се очекува да ѝ нанесе огромен удар на јапонската економија. Аналитичарите предвидуваат дека повисоките давачки би можеле да го намалат економскиот раст до 0,8%.
Јапонскиот премиер рече дека му рекол на Трамп во телефонски разговор дека неговите тарифни политики се крајно разочарувачки и го повикал да размисли повторно. „Значи, имаме одлични односи со Јапонија. Ќе го задржиме тоа така“, им рече подоцна Трамп на новинарите во понеделникот.
Отворањето на преговорите со Јапонија доаѓа како олеснување за многумина во орбитата на Трамп кои ја поддржуваат неговата протекционистичка политика – вклучително и наметнување повеќе трговски бариери на другите земји – но кои веруваат дека треба да има и простор за склучување договори. Таканаречениот камп за фер трговија, вклучително и Бесент, економскиот советник на Трамп, Кевин Хасет и други, во последниве недели застана на задното место на поагресивно протекционистички контингент кој ги вклучува Наваро и трговскиот претставник на САД, Џејмисон Грир, кои ги гледаат тарифите не како средство за постигнување на целта, туку за крајна цел.
Некои во орбитата на Трамп се загрижени дека во обид да му помогнат на претседателот да ги исполни своите цели, оние околу претседателот понудија малку повратни информации, дури и кога тоа би било во негова корист. Тие велат дека е оставено луѓето како министерот за трговија Хауард Лутник да му кажуваат на претседателот што сака да го слушне – наспроти она што тие веруваат дека треба да го слушне, пишува „Политико“.
Сè уште нема јавни анкети што го опфаќаат периодот по огромните загуби на берзата минатата недела по објавувањето на новите тарифи.
Лицето додаде дека ништо од паниката досега не го плаши Трамп. Тоа е точка што Трамп ја подвлече во уште една објава на Truth Social во понеделникот, во која ги охрабрува луѓето да не бидат „слаби“ и „глупави“ – и дел од она што тој хо нарче „Паничната партија“ – туку „силни, храбри и трпеливи“.
Сепак, не се знае колку може да трае тоа трпение. Анкетата на CBS News-YouGov спроведена кон крајот на март покажа дека 23 отсто од луѓето веруваат дека сега се подобро финансиски отколку пред Трамп да ја преземе функцијата, што е намалување од 42 отсто во јануари пред Трамп да ја преземе функцијата.