Јапонија обезбедува опрема и поддршка за 47 здравствени установи


Амбасадорот на Јапонија,  Хиронори Савада, го потпиша третиот договор во 2021 година, во рамки на јапонската програма за грантови за основни потреби и безбедност на граѓаните во Република Северна Македонија.Третиот договор за грант е за Проект за подобрување на медицинската опрема за итна помош на ЈЗУ Здравствен дом Скопје, во вредност од 40.420 евра, кој има за цел да го зголеми квалитетот на итната медицинска помош за пациентите.

Преку програмата за мали грантови (GGP), Јапонија финансира проекти за реновирање и обезбедување опрема за повеќе од 70 училишта и градинки и 47 здравствени установи и обезбеди 31 возило за одржување и комунални возила за 49 општини во сите 8 региони во државата.

Севкупно, Јапонија ја поддржува Северна Македонија во повеќе сектори и тоа инфраструктурен развој, подобрување на здравствената нега, образованието, животната околика, култура, спречувањето на природни катастрофи, бегалската криза, како и итна помош, во вкупен износ од повеќе од 422.3 милиони евра, како и дополнителна нефинансиска поддршка.