Јапонија и Сингапур со најмоќни пасоши во светот


Швајцарија– Јапонија и Сингапур, според најновите истражувања на „Henley & Partners“, имаат најмоќни пасоши, а нашата држава е на 46-то место.

Овие две азиски земји се на врвот на листата поради безвизно патување во 189 земји во светот.

Кога станува збор за земјите од нашиот регион, Словенија е на 10-то место, Хрватска на 20., Србија на 41., Црна Гора на 47. и БиХ на 51. место.

Јужна Кореја падна од врвот на второ место и им се приклучи на Финска и Германија. Пасош од секоја од овие три земји обезбедува безвизно патување до 187 дестинации ширум светот.

На трето место се Данска, Италија и Луксембург,  со чии пасоши може да се посетат 186 земји, потоа следат Франција, Шпанија и Шведска со 185. На дното се Пакистан, Сирија и Ирак, а Авганистан со чиј пасош може да се патува во само 25 држави без виза е на последно место.