Јапонија ги повика своите граѓани да го напуштат Либан и подготвува авиони за евакуација
Јапонија ги повикува своите граѓани да го напуштат Либан и одлучи да подготви воени авиони за нивна евентуална евакуација.
– Во моментов ја проверуваме безбедноста на јапонските граѓани кои живеат во Либан, а исто така ги повикуваме да ја напуштат земјата додека редовните комерцијални летови се во функција, изјави портпаролот на јапонската Влада.
Неколку часа подоцна, Министерството за одбрана објави дека воените авиони добиле наредба да летаат за Јордан и за Грција да бидат во состојба на готовност во случај да има потреба од транспорт на јапонски државјани вон регионот.
Шефицата на јапонската дипломатија Јоко Камикава пред два дена изјави дека Токио е „силно загрижен поради ескалацијата на тензиите помеѓу Израел и Хезболах“.