Јанша се жали – Русија помогнала тој да загуби на изборите
Словенечкиот премиер вели дека Москва помогнала во поразот затоа што бил остро против руската инвазија на Украина
По тешкиот пораз на изборите во неделата словенечкиот премиер Јанез Јанша најде неколку оправдувања за лошиот резултат на неговата Словенечка демократска партија (СДС). Меѓу другите објаснувања е и тоа дека Русија помогнала тој да загуби затоа што бил остро против инвазијата на мвојските на Москва на Украина.
Веднаш по објавувањето на излезните анкети кои предвидуваа негов голем пораз, Јанша на Твитер напиша: „Во Европа постои загриженост за некои проруски ориентации во политиките на некои земји-членки. Во Словенија оваа загриженост е оправдана. Во Словенија луѓе кои имаат крвави медали на Путин на градите гордо шетаат низ земјата и ги коментираат изборите“.
Веднаш по објавувањето на излезните анкети кои предвидуваа негов голем пораз, Јанша на Твитер напиша: „Во Европа постои загриженост за некои проруски ориентации во политиките на некои земји-членки. Во Словенија оваа загриженост е оправдана. Во Словенија луѓе кои имаат крвави медали на Путин на градите гордо шетаат низ земјата и ги коментираат изборите“.
Во друга објава на Твитер, Јанша додаде: „Гледаме голема инволвираност во политиката на Словенија на некои интересни групи поврзани со руски компании (‘Гаспром’, Јандекс и др.) На тој начин кругот е затворен и јасно ја илустрира словенечката политика и нејзините длабоки врски со Кремљ“.
На прес-конференцијата во неделата вечерта Јанша ги повтори овие зборови додавајќи: „Ме напаѓаа мене затоа што сум го посетил Киев, а не сум отишол во Москва. За тоа треба да размислуваат оние кои беа против тоа, а не ние“.
Таа приказна веднаш ја презедоа медиумите што се блиски до Јанша. Во текстовите се наведува дека претседателот на Движењето слобода и најверојатниот иден премиер, Роберт Голоб, своевремено беше потпретседател на Позитивна Словенија, партијата на градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ. Јанковиќ одбил да му го врати медалот на Путин, но целосно го поддржа Движењето слобода. Јанша тврди дека Голоб се спротивставил на санкциите против Русија по руската окупација на Крим.
Овој негов наратив го прифати и Европската народна партија (ЕПП), чиј член е СДС.
„ЕПП е загрижена за можното руско мешање во словенечките избори, што очигледно е последица на цврстата и недвосмислена поддршка на Словенија за Украина. Словенија беше една од првите земји што остро ја осуди руската варварска војна во Украина“, напиша ЕПП на својот официјален Твитер профил.
Словенечкиот премиер не споменува дека големата излезност од 69,84 отсто е најмногу поради отпорот во јавноста дека тој сака да создаде силна илиберална држава според образец на Виктор Орбан и дека врши огромен притосок врз медиумите и јавните институции. И дека најголем број од граѓаните гласаа за Голоб за да ја вратат загубената слобода.
Јанез Јанша е голем поддржувач на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Тој дури по американските избори во 2020 одби да му ја честита победата на Џо Бајден велејќи дека изборниот процес во САД не бил завршен.
По пребројувањето на речиси сите гласови државната изборна комисија објави дека Движењето длобода на Роберт Голоб освои 34,56 отсто од гласовите, а СДС на Јанша 23,52 проценти. Во парламентот влегуваат уште три партии, христијанските демократи, социјалдемократите и Левица. Свижењето слобода же има 41 од 90-те пратеници во парламенотот, а СДС на Јанша 27.(Н.В.)