Јаник Синер со неочекувана одлука


 Најдобриот тенисер на светот Јаник Синер беше принуден да донесе неочекувана одлука. Тој го откажа попладневниот тренинг, но сè уште е оптимист дека може да игра во четвртфиналето утре против Американецот Бен Шелтон.

Синер во текот на денот направи и магнетна резонанца, но не беше виден на Вимблдон. 

Италијанецот се жалеше на повреда на лактот, по едно паѓање за време на мечот со Григор Димитров, кој го доби откако ривалот го предаде поради повреда. Мечот беше прекинат во моментот кога резултатот беше 2:0 во сетови за Димитров. Така Италијанецот Синер на среќен начин стигна до четвртфиналето. 

Според програмата мечот Синер – Шелтон е планиран за утре како втор на теренот број 1.