Јанева: Антонио Милошоски многу се занесува


Фото: Б.Грданоски
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева вели дека има позитивни сигнали за преговорите за законот за јавно обвинителство и испрати една порака до пратеникот Антонио Милошоски кој учествува во преговарачкиот тим.
Вели дека тој како осомничено лице не може да дава квалификации за нејзината личност и работа. „Многу се занесува“, рече Јанева.
За Орце Камчев вели дека дала одобрение да му биде вратен пасошот бидејќи требало да учествува на некој управен одбор, но не знаеше каде. Спомена дека правните субјекти и фирми на Камчев мора да се одржуваат и вработените да земаат плата.