Јанчев: Стартуваат подготовките за скијачкиот центар во Михајлово
Стартуваат подготовките за скијачкиот центар во Михајлово, зимската сезона кавадарчани ќе уживаат во зимските спортови, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук.
– Од денеска започнаа подготвителните теренски работи за изградба на скијачкиот центар во Михајлово, и истиот опфаќа ски стаза, ски лифт и потребните елементи за сите возрасти. Целосната опрема е во фаза на изработка од страна на полска компанија која што веќе при крајот на ноември се очекува да се монтира доколку дозволуваат временските услови. Скијачкиот центар се очекува да биде во функција оваа зимска сезона, за сите љубители на зимските спортови во кои ќе уживаат сите генерации, појасни Јанчев.
Тој додаде дека е ова уште еден голем проект и инвестиција која го продолжува и така брзиот развој на општинатс, ветен во предизборната програма, а од денес, како што рече, овој проект станува реалност.
– Теренските работи се донација од општествено одговорната фирма ЈА МИ Кавадарци. Инвестицијата за овој центар е донација од 231.660,00 евра, од кои 115.000,00 евра се средства донација од Комерцијална Банка и 115.000,00 евра се средства донација од Кожувчанка ДОО, соопшти Јанчев.