Јакимовски за Џамбаски: Не треба да го прогласиме за непожелен, треба да го апсиме


Нема потреба да се прогласи за непожелна личност, нека го пуштат да влезе во Македонија, нека даде обвинител налог за апсење, нека го однесат во притвор под сомневање дека сака да му изврши атентат на македонскиот претседател, изјави денес Стевчо Јакимовски, лидер на ГРОМ.

„Споредува атентат на Караѓорѓевиќ со сегашно време,а не е исто. Нека го стават во притвор, нека скока цела Европа и нека види какви се условите во Шутка. Цела Европа нека доаѓа овде, ама ние ќе кажеме дека се подготвува атентат на претседателот, тој ги знае атентаторите, па нареден пат ќе внимава што зборува.Така прави вистинска држава“, порача Јакимовски.