Јакимовски прво на обвинителна клупа, па потоа во градоначалничката фотелја
Новоизбраниот градоначалник на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, пред да седне на градоначалничката фотелја, во петок најпрвин ќе треба да седне на обвинителна клупа во Кривичниот суд, пишува Фокус.
На Јакимовски му се суди за кривично дело од времето кога беше градоначалник, односно за незаконска легализација на објекти, меѓу кои и за просторот кај поранешниот ресторан „Имес“, и градењето на административната зграда на Општина Карпош.
Обвинението за овој случај беше поднесено во 2019 година, а оттогаш се одржале неколку судски рочишта. Но, од пред неколку месеци предметот е вратен од почеток, бидејќи судијата Горан Бошевски беше разрешен, а предметот го наследи судијата Осман Шабани.
Освен Јакимовски, во овој случај обвинети се уште 10 лица, од кои петмина признаа вина и се спогодија со обвинителството.
Целиот текст ОВДЕ