Јахоски за ТВ21: Пуцко Петрол ќе продолжи да го снабдува ЈСП со гориво, иако има долг од 10 милиони евра


Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко Петрол“ за ТВ21 одговори на шпекулациите дека ќе нема гориво за автобусите на ЈСП. Тој рече дека неговата компанија и натаму ќе го снабдува ЈСП со гориво, и покрај тоа што имаат 10 милиони евра долг.

„Нема да има прекин на градскиот превоз. Пуцко Петрол ќе продолжи да го снабдува ЈСП со гориво, и покрај тоа што имаат долг од 10 милиони евра“, изјави Јахоски.

Автобусите на ЈСП сообраќаат – вчера стигнале 20 тона нафта