Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со слушнат рефрен: Само избори се решение


Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, изјава за медиумите истакна дека во тек е седница на Извршниот комитет. Според него, уште на првата точка се разговарало за актуелната политичка состојба, поврзана со предложените владини уставни измени во Собранието.

„Првиот заклучок беше поддршка и благодарност од страна на Извршниот комитет за сплотеноста на пратеничката група и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кои што покажаа дека ја почитуваат волјата на народот и се против вакви наметнати уставни измени под диктатот од официјална Софија. Втората тема која што исто така ја разговаравме во овој контекст е апел и барање до претседателот на Собранието да не го злоупотребува Деловникот. Тој е таму на таа позиција за да се овозможи да се носат одлуки, без разлика дали одлуката и се допаѓа на власта или не и се допаѓа.Тоа што Ковачевски и Ахмети се разочарани што немаат едвај 70 пратеници, не значи дека на другите пратеници не треба да им се дозволи да гласаат и да се види дека оваа иницијатива е пропаднат проект на СДС и ДУИ.

И третата работа која што сметаме дека е политички исправна и потребна за Македонија во овој момент, е заклучокот на Извршниот комитет дека оваа власт е делегетимирана.

Легитимитетот на СДС и ДУИ, не само во однос на уставните измени, но исто така и во економијата, образованието, пензионерите, студентите, стопанството, е целосно нарушена и не нудат решение, туку создаваат повеќе проблеми. И затоа сметаме дека излезот од ваквата состојба би биле предвремени парламентарни избори во текот на оваа година, рече Милошоски.