Извлечени двете лица што паднаа во провалија кај Алдинци
Двете лица кои со квадрицикл (мопед на четири тркала) паднаа во провалија кај вила „Принц“ на Караџица се извлечени во стабилна состојба со веројатни сршеници, извести вечерва Центарот за управување со кризи.
Според информацијата, двете лица се предадени на две екипи на итната медицински помош кои се упатиле кон медицинските центри во Скопје.