Извлечен евроџекпот од речиси 66 милиони евра, еве од каде е среќниот добитник


Во 75-тото коло од играта Евроџекпот беше погодена главната награда 5+2 во износ од 65.950.426,80 евра.

Некој е побогат за речиси 66 милиони евра. Како што информираат од Хрватската лотарија, на 75-тото извлекување во вторникот е освоен евроџекпот од 65.950.426,80 евра. Среќниот добитник е во Германија, а извлечените броеви беа 8, 18, 26, 38, 39 – 4, 12.

Следното извлекување за играта Евроџекпот е во петок на 22 септември 2023 година, а главната награда е 10 милиони евра.