Извитката и откачена оградата на мостот „Гоце Делчев“


Фото: Б. Грданоски

Откачена оградата на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје
Опасност постои на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, на една од најфрекфентите сообраќајници каде што дневно минуваат безброј возила. Оградата на овој мост веќе некое време нема заштитна функција, бидејќи е откачена на неколку критични точки.

Делови од оградата се веќе извиткани, и прекршени. Тие се откорнати од асфалтот. Станува збор на лентата од улицата која што води накај трговскиот центар „Мавровка“. Оградата е извиткана и откорната од асфалтот, па така ја губи својата основна намена за која првенствено е поставена.

Фото: Б. Ггрданоски

Во ваква состојба, оваа лента не е безбедна за илјадници возачи што поминуваат со автомобили, автобуси, товарни возила.

Состојбата во која се наоѓа оградата е навистина загрижувачка. Со минувањето на самите возила, оградата се тресе и се придвижува.