Израелските авиони ноќеска погодиле околу 30 позиции на Хезболах во јужен Либан
Изаелските борбени авиони во текот на ноќта погодиле околу 30 ракетни фрлачи на Хезболах и друга инфраструктура во јужен Либан, соопшти денеска израелската армија.
Според ИДФ, нападите биле извршени во градовите Џебеин, Накура, Деир Серијан и Зибкин, објави „Тајмс оф Израел“.
Израелската армија додаде дека фрлачите на Хезболах и другите цели „претставувале закана за израелските цивили“.
Во претходната минатонеделна размена на оган беа истрелани повеќе од 50 ракети од Либан кон областа Галилеја и градот Кирјат Шмон, во северен Израел.
Одговорноста за нападот ја презеде либанската милитантна група Хезболах, повикувајќи се на израелски напад врз градот Фурун, во кој загинаа тројца болничари.