Израел испрати воени бродови во Црвеното Море поради ракети испалени од Јемен
Војската на Израел (ИДФ) објави дека распоредила ракетни чамци во Црвеното Море. Овој потег уследи откако ИД вчера пресретна ракета земја-земја и „непријателски цели“ во регионот Еилат, што подоцна беше потврдено од јеменските Хути.
Во објава на апликацијата за пораки Телеграм, ИД рече: „Според ситуационата проценка и како дел од одбранбените напори во областа, ракетни бродови на израелската морнарица вчера пристигнаа во областа на Црвеното Море“.
Тие објавија и слики од бродови кои патролираат во регионот. Еилат е најјужниот град на Израел и е блиску до израелската граница со Египет и Јордан. Исто така, во последниве денови беше под ракетен истрел со долг дострел од Појасот Газа.