Израел и Палестина: Сè што треба да знаете за долгогодишниот конфликт

Едно лице загина во Израел. Насилството е последното разгорување во повеќедецениската борба


Вооружени борци од исламската милитантна група Хамас истрелаа десетици ракети кон Израел и влегоа во јужниот дел на земјата во ненадеен напад што ја поттикна израелската војска да објави „подготвеност за војна“.

Десетици ракети беа истрелани кон Израел рано утринава, а сирените за воздушен напад се огласија низ целата земја.

Израел изврши напади и врз Газа.

Едно лице загина во Израел, додека експлозии се слушнаа во и околу Тел Авив, како и на териториите околу Газа.

Насилството е последното разгорување во повеќедецениската борба, пишува Би-би-си.

Како  започна?

Конфликт кој трае веќе 100 години

Витлеем во 20 век

 Велика Британија ја презеде контролата врз областа позната како Палестина откако Отоманската империја, која владееше со овој дел од Блискиот Исток, беше поразена во Првата светска војна.

Областа била населена со еврејско малцинство и арапско мнозинство. Нетолеранцијата почна да расте кога меѓународната заедница ја задолжи Британија да воспостави „национален дом“ за Евреите во Палестина. Евреите ја сметаа областа за нивна татковина на предците, но и палестинските Арапи ја бараа земјата и се спротивставија на формирањето на „национален дом“.

Припадник на организацијата Хаган – еврејско подземје

Помеѓу 1920-тите и 1940-тите, пристигнале зголемен број Евреи – многумина бегале од прогонството во Европа и барале татковина по Холокаустот во Втората светска војна. Имаше се повеќе насилство меѓу Евреите и Арапите, како и напади врз британската администрација. Во 1947 година, Обединетите нации (ОН) гласаа за поделба на Палестина на две држави, еврејска и арапска, а Ерусалим стана меѓународен град. Планот беше прифатен од еврејските лидери, но арапската страна го отфрли и планот никогаш не беше спроведен.

Војници на Арапската легија

Создавањето на Израел и „Катастрофата“

Моше Дајан во обиколка на Источен Ерусалим

Откако не успеаја да го решат проблемот, Британците заминаа во 1948 година, а еврејските водачи го прогласија создавањето на државата Израел. Многу Палестинци се спротивставија и војната започна. Учествуваа и армиите на соседните арапски земји. Стотици илјади Палестинци избегаа или беа протерани од своите домови за време на овој конфликт.

Овој настан Палестинците го нарекуваат Ал Накба или „Катастрофа“. До моментот кога борбите завршија со прекин на огнот следната година, Израел контролираше поголем дел од територијата. Јордан ја окупираше територијата која стана позната како Западниот Брег, а Египет ја окупираше Газа.

Ерусалим беше поделен меѓу израелските сили на запад и јорданските сили на исток.

Бидејќи никогаш немаше мировен договор – секоја страна ја обвинуваше другата – децениите што следеа донесоа нови војни и конфликти.

Како изгледа мапата денес

Во војната во 1967 година, Израел го окупираше Источен Ерусалим и Западниот Брег, како и поголемиот дел од Голанската висорамнина во Сирија, Газа и египетскиот Синајски Полуостров. Повеќето од палестинските бегалци и нивните потомци живеат во Газа и на Западниот Брег, како и во соседните држави Јордан, Сирија и Либан.

Израел не им дозволи ниту на нив ниту на нивните потомци да се вратат во своите домови – израелските власти тврдат дека тоа ќе ја поплави земјата и ќе го загрози нејзиното постоење.

Израел сè уште го окупира Западниот Брег.

Иако армијата се повлече од Газа, ОН сè уште ја сметаат оваа област како дел од окупираната територија. Израел го тврди целиот Ерусалим како главен град, додека Палестинците тврдат дека источен Ерусалим е главен град на идната палестинска држава.

Соединетите Американски Држави (САД) се една од само неколкуте земји кои ги признаа претензиите на Израел кон целиот град. Во последните 50 години, Израел изгради населби во овие области, каде што сега живеат повеќе од 600.000 Евреи.

Палестинците велат дека населбите се нелегални според меѓународното право и претставуваат пречка за мирот, но Израел го негира тоа.

Кои се окупираниот Западен Брег и Појасот Газа?

Јордан ја окупираше земјата која стана позната како Западен Брег – парче земја на западниот брег на реката Јордан и граничи со Израел на север, запад и југ. На исток му се наоѓа Јордан.

Египет ја окупираше Газа – мала крајбрежна област на египетската граница. Ерусалим е поделен меѓу израелските сили на запад и јорданските сили на исток. Бидејќи никогаш немаше мировен договор, имаше повеќе војни и борби во децениите што следеа.

Во 1967 година, Израел го окупираше Источен Ерусалим и Западниот Брег, како и поголемиот дел од сириската Голанска висорамнина, Газа и египетскиот Синајски Полуостров. Мнозинството палестински бегалци и нивните потомци живеат во Газа и Западниот Брег, како и во соседните Јордан, Сирија и Либан. Израел не им дозволи ниту на нив ниту на нивните потомци да се вратат во своите татковини – Израел вели дека тоа ќе ја поплави земјата и ќе го загрози нејзиното постоење како еврејска држава.

Израел сè уште го контролира Западниот Брег. Иако се повлекоа од Газа, ОН сепак го сметаат тоа парче земја како дел од територијата окупирана од Израел.

Ерусалим е палестински или израелски?

Израел смета дека целиот Ерусалим е главен град, додека Палестинците тврдат дека источен Ерусалим е главен град на идната палестинска држава.

САД се една од неколкуте земји што го признаа Ерусалим како главен град на Израел, истовремено нагласувајќи дека конечниот статус на градот треба да се решава преку преговори.

Во текот на изминатите 50 години, Израел изгради населби во овие области, каде што сега живеат повеќе од 600.000 Евреи. Палестинците, поддржани од повеќето држави и меѓународни тела, велат дека овие домови се нелегални според меѓународното право, но Израел го негира тоа.

Тензиите меѓу Израел и Палестинците кои живеат во Источен Ерусалим, Газа и Западниот Брег се многу чести.

Дали Палестина е држава?

Во 2012 година, ОН гласаа за признавање на Палестина како „држава набљудувач што не е членка“. Промената од „ентитет набљудувач“ им овозможи на Палестинците да учествуваат во дебатите на Генералното собрание и да ги подобрат нивните шанси за членство во агенциите на ОН и другите тела.

Гласањето не создаде палестинска држава.

Сепак, повеќе од 70 отсто од 193-те членки на Генералното собрание на ОН ја признаваат државата Палестина.

Кој ја контролира Газа?

Со Газа управува палестинската воена група Хамас, која многупати се борела против Израел. Израел и Египет строго ги контролираат границите на Газа за да спречат оружје да стигне до Хамас. Палестинците во Газа и на Западниот Брег велат дека страдаат поради израелските акции и ограничувања.

Израел вели дека дејствува само за да се заштити од палестинското насилство.

Кои се главните проблеми?

Има голем број прашања за кои Израел и Палестинците не можат да се договорат. Меѓу нив се: што треба да се случи со палестинските бегалци, дали еврејските населби на окупираниот Западен Брег треба да останат или да се отстранат, дали двете страни треба да го делат Ерусалим и – можеби најпредизвикувачкиот од сите – дали да се создаде палестинска држава заедно со Израел.

Мировните преговори траат и прекинуваат речиси три децении, но досега не го решија конфликтот.

Што носи иднината?

Накратко, нема индикации дека ситуацијата ќе се реши во догледна иднина. Последниот мировен план, кој беше подготвен од САД додека беше претседател Доналд Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече „договор на векот“.

Но, Палестинците веруваат дека тоа е еднострано и никогаш не е спроведено.

За секој иден мировен договор ќе биде потребна согласност од двете страни за да се решат сите прашања. Сè додека тоа не се случи, конфликтот продолжува.