Изменет сообраќаен режим во Скопје поради посетата на Борут Пахор
Министерството за внатрешни работи информира дека утре и задутре ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по улиците на поширокото централно подрачје на град Скопје, поради официјалната посета на претседателот на Словенија, Борут Пахор на земјава.
МВР во соопштението апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.