Изменет сообраќаен режим на два пата во општина Илинден, ќе се вршат градежни активности

Од Општина Илинден преку својот фејсбук профил известуваат за изведување на градежни работи за реконструкција на локален пат Бујковци – Мршевци и за за изменет сообраќаен режим на локалниот пат Кадино – Мралино, при што ги замолуваат граѓаните да бидат претпазливи во сообраќајот.
„Ве известуваме дека Општина Илинден отпочна со градежните активности за целосна реконструкција на коловозот на локалниот пат Бујковци – Мршевци, известуваат од Општината.
Со градежните работи ќе се опфати целосна промена на коловозната конструкција на улицата со поставување на нов асфалтен слој.
За време на изведбата на градежните работи ќе има воспоставен посебен режим на сообраќај пришто ги замолуваат граѓаните учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да се движат во овој дел.
Од Општината исто така, известуваат дека од денес 24.06.2025 година се до завршување на градежните активности во периодот од 07:00 до 17:00 часот, во должина од 500 метри, на локалниот пат Кадино – Мралино ќе се врши реконструкција на патот и истиот ќе биде затворен во тој период.
Градежните активности ќе се вршат од страна на градежната компанија „БИТЕМ ДООЕЛ“ ангажирани од страна на општина Илинден.
„Навремено Ве информираме да се запази безбедноста на движење на возилата во сообраќајот и пешаците на горенаведената улица, односно локалниот пат Кадино – Мралино, апелираат од Општината.