Изложбата на Мирослав Масин – уметност која руши стереотипи (галерија)

Неговото дело зборува универзален јазик кој резонира на сите кои го гледаат, истакна, синоќа, на отворањето директорката на НГ, Дита Старова - Ќерими


Фото: Б. Грданоски

Во дворот насликан раритетен автомобил. Не е важно дали вози. Внатре насликани пијана. Не е важно дали се свири на нив. Поентата на уметникот Мирослав Масин (1963, Скопје) е доловена. Уметност која руши стереотипи, која не следи трендови туку воспоставува трендови, која не е здодевна, туку авангардна, која ги слави човекот, природата и животот. Уште на влезот на Националната галерија знаете дека ве чека волшебен свет обоен во сите бои, насликан, ама танцува пред вас. 

Фото: Б. Грданоски

Во Даут пашин амам во Скопје синоќа пред бројни гости од сите сфери на живеење, беше отворена ретроспективната изложба на познатиот уметник, урбан лик, за кого во Скопје уште се раскажува за неговата боемштина. Насловена со уште позагадочен наслов  „Подобро на гранка одошто заглавен во лифт”. Според директорката на НГ,  Дита Старова-Ќерими, оваа изложба не е само прослава на уметноста, туку почит кон креативноста, страста, доследноста и визијата на уметникот.

Фото: Б. Грданоски

Изложбата е составена од селекција на 150 дела, доминантно слики, потоа цртежи, графики, објекти од сите периоди, и онаа славната фаза со мајмуните за кои слушна и светската културна сцена, и особено од последните години.

Фото: Б. Грданоски

Како што посочи Старова-Ќерими, посетителите ќе бидат сведоци на различноста на уметничкиот реперотар на Масин, а неговото дело зборува универзален јазик кој резонира на сите кои го гледаат.

Фото: Б. Грданоски

– Оваа изложба не е само прослава на уметноста. Таа претставува и почит кон креативноста, страста, искреноста, доследноста и визијата за уметникот, чии дела оставиле неизбришлива трага на македонската ликовна сцена. Националната галерија низ годините покажа дека се грижи за валоризација, но и презентација на значајните македонски уметници од различни генерации, почнувајќи од најстарите па до денешната средна генерација кои имаат репрезентативни остварувања, рече Старова-Ќерими.

Фото: Б. Грданоски

Таа напомена дека патувањето на Мирослав Масин како уметник е придружено со едно длабоко истражување, но и непоколеблива посветеност.

Фото: Б. Грданоски

Како што рече, преку неговите слики тука присутни кои беа мал дел од големиот број на реализирани досегашни слики од негова страна, тој не кани во еден свет каде боите танцуваат, емоциите зборуваат, а имагинацијата нема граници.

Фото: Б. Грданоски

Старова-Ќерими додаде дека секој потег на неговата четка е проткаен со чувства за цел, одраз на неговата длабока поврзаност со неговиот занает и неговата околина.

Фото: Б. Грданоски

-Френетичниот и динамичен но сигурен цртеж е постојано присутен во неговите дела како скелет, структура и база во неговите композиции, а вториот мошне значаен елемент во неговото творештво е заситената интензивна и експресивна боја. Масин преку своите дела истражува длабоки егзистенцијално социјални прашања како што се потеклото за постоењето, природата на човечките вредности и илузиите, фиксациите.., додаде Старова-Ќерими.

Фото: Б. Грданоски

Кураторката Маја Чанкуловска-Михајловска во обраќањето синоќа рече дека авторот речиси 40 години ги руши стереотипите со своето творештво.

Фото: Б. Грданоски

– Станува збор за негова 66 по ред самостојна изложба на која низ годиниве и престоеја многу изложби низ Македонија, низ поранешна Југославија но и низ многу европски градови, со што слободно може да се рангира во редот на нашите најзначајни културни амбасадори, рече Чанкуловска-Михајловска.

Фото: Б. Грданоски

Уметникот Масин во своето обраќање се заблагодари и нajави за 10 до 15 години да се види повторно на ваква изложба со посетителите на едно исто или слично место.

Фото: Б. Грданоски

Изложбата на Мирослав Масин е дел од Програмата на Националната галерија за 2024 година и е финансиски поддржана од Министерството за култура и од компании спонзори.

Фото: Б. Грданоски

Изложбата ќе биде отворена до 15 јуни.

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б: Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б: Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски