Изложбата на Aна Митевска ја отвара манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“

Вечерва, со концерт на Наџионалниот џез оркестар, свечено ќе биде отворена манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“. На стариот градски пазар во Гевгелија, од 19:30 часот, Националниот џез оркестар ќе настапи со репертоар на незаборавни хитови и поп-евергрини од македонската и светската музичка сцена.
Овие безвременски мелодии ќе добијат нов, уникатен звук преку специјално адаптирани аранжмани за изведба со биг-бенд состав, а публиката ќе ужива и во врвните изведби на членовите на биг-бендот. Диригент на концертот ќе биде Џијан Емин, а како вокални солисти, покрај членовите на биг-бендот ќе настапат: Андријана Јаневска, Светлана Јовановска, Дејан Бобиќ и Калина Велковска. Концертот е поддржан со средства од Министерството за култура и туризам во рамки на Проектот од национален интерес, манифестација „Гевгелија град на културата за 2025 година“.
На концертот му претходат самостојна изложба на Aна Митевска, насловена „Приказни во тиркиз- Извор на животот“, во Уметничката галерија на НУ Музеј- Гевгелија „Амам“, од од 17:30 часот и дефиле низ Градскиот плоштад,од 18:30 часот.