Изложба со највпечатливите дела на млади фотографи од  Западен Балкан во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Во просториите на Europe House во Скопје, денеска во 10 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии „Три, четири, сега! Европа е наша!“, која ги претставува највпечатливите дела на млади фотографи од целиот Западен Балкан.

Изложбата е дел од регионалната кампања на иницијативата WeBalkans, поддржана од Генералниот директорат за проширување и источно соседство на Европската комисија (DG NEAR), и има за цел да ја истакне улогата на спортот како средство за поврзување, инспирација и промоција на европските вредности меѓу младите.

Настанот ќе го отвори Александар Меламед од Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, а публиката ќе има можност да ги слушне и обраќањата на Самра Лучкин, координатор на кампањи од WeBalkans, и Теодора Цветковска, новинар и член на жири-комисијата, која ќе сподели увид во процесот на селекција на победничките фотографии од Северна Македонија.

Дополнително, ќе се обратат и Сара Глоговац и Клое Кузигу, претставнички на Европскиот младински олимписки фестивал и мрежата на волонтери, како и Катарина Маринковиќ, млада европска амбасадорка, која ќе зборува за ентузијазмот на младите за спортот и нивната креативност.

Изложбата претставува кулминација на фото-натпреварот во кој учествуваа речиси 200 фотографии.