Изложба „Сите деца на Родољуб Анастасов“ во Музејот на град Скопје

По повод 90-тиот роденден на доајенот на македонското сликарство, Родољуб Анастасов, во Музејот на град Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложба „Сите деца на Родољуб Анастасов“ организирана од здружението „Архифакт“-Скопје. На изложбата ќе бидат претставени дела на 42 уметници.
На изложбата со свое дело учествуваат уметниците: Новица Трајковски, Катерина Апсотолска де Сиро, Славчо Соколовски, Бојана Артиновска,Јован Шумковски, Благоја Маневски, Константин Качев, Симонида Филипова Китановска, Жанета Вангели, Ѓорѓи Томовски, Миро Масин,Станислава Шаровиќ,Страхил Петровски, Ванчо Јаков, Малка Конеска, Борис Шемов, Елизабета Наумческа, Адем Сулејмановски, Новица Арсовски, Димитар Младеновски, Јован Балов, Ристо Мијаковски, Јулијана Гешоска, Светлана Коруновска Аџигогова, Виолета Сиљан, Владо Мукоски, Соња Куновска, Марија Величковска, Милош Милосављевиќ, Александар Спасовски, Весна Ничевска, Перица Георгиев-Пепси, Јана Куновска, Трајче Чатмов, Гордана Вренцоска, Александар Иванов, Наташа Андонова, Влатко Костовски, Слободан Биневски, Филип Блажевски, Тања Таневска, Горјан Ѓорѓиев.
-Анастасов и подари на својата Македонија безмалку 500 дела од целокупниот свој бесценет сликарски опус, што е одраз на неговото големо родољубие. Сепак, тоа што е уште поголемо родољубие и тоа што самиот Анастасов го смета за свој најголем придонес кон општеството е што тој со својот спокоен и ненаметлив сензибилитет, затскриен зад навидум намќорестата молчалива физиономија, но, исполнет со бескрајна љубов и грижа за „другиот“, успеа да си обезбеди трајно место во срцата на своите ученици и студенти од Училиштето за применета уметност (1968 г.) и Факултеттот за ликовни уметности, УКИМ во Скопје (1980-2000год.), каде предавал цртање и сликање на додипломски и постдипломски студии. Резултатот од многуслојната мисија на Анастасов низ образовниот процес на неговите студенти е денеска видлив токму на оваа изложба на која се претставени делата на 42 уметници, се наведува во соопштението.
Изложбата, чија реализација е поддржана од Музеј на град Скопје и неколку компании, за посетителите ќе биде отворена до 18 март 2025.