Изложба „Што би се случило ако? Изборот да се изгради алтернативна иднина“ во Музеј на град Скопје


Вечерва во 20 часот, во Музеј на град Скопје, а ќе биде отворена изложбата-Што би се случило ако? Изборот да се изгради алтернативна иднина, во рамките на проектот КреАрт, подржан од Креативна Европа, а во организација на Град Скопје и Музеј на град Скопје. На изложбата ќе бидат изложени дела на 15 интернационални уметници- кои беа селектирани на отворен конкурс од кураторот Пјетро дела Џустина, и асистент на куратор-Лука Џенати. Изложбата ќе биде претставена во реновираните изложбени салони на Музеј на град Скопје, и ќе биде отворена до 3 август 2021. Оваа изложба веќе беше претставена во Авеиро,Португалија и Џенова,Италија кои се дел од мрежата на градови во проектот КреАрт,како и Скопје.

Што би се случило ако? Изборот да се изгради алтернативна иднина е мултидисциплинарен проект кој ги охрабрува уметниците и колективите учесници да ги истражуваат историските, современите и социјалните факти што ги градат современите реалности на нивните места на живеење.Изложбата е креативна територија која работи како повеќеслоен роман на научна фантастика, слободно прикажувајќи ги можните алтернативни иднини, природни појави и индивидуално-колективни спомени.Историјата се пишува низ моменти на прекин со минатото што резултира со промени во нашите начини на живеење. Сепак, наместо да биде критична ревизија на историјата, изложбата има за цел да формулира нови истории.

Изложбата беше замислена пред пандемиската криза ковид-19. Цитирање на Франко „Бифо“ Берарди: „Тековната криза не е вистинска криза. Тоа е РЕСЕТ. Се работи за исклучување на машината и повторно вклучување, по некое време.Сепак, кога повторно ќе го вклучиме, можеме да одлучиме да работиме како порано, ризикувајќи да се најдеме повторно во ист кошмар – или можеме да одлучиме да го репрограмираме, според науката, свесно и чувствително “ .