Изложба „Од медове до ловченске виле“ во Музејот на македонска борба


Изложбата „Од медове до ловченске виле“ во Музејот на македонска борба ќе биде отворена на 2 март (вторник) во 18 часот.

Присутни ќе бидат претставници на Управа за дијаспора на Црна Гора, како и претставници на црногорските заедници во Република Македонија.

Изложбата ќе ја отворат амбасадорката на Црна Гора Н.Е. Марија Петровиќ и градоначалникот на Град Скопје г-дин Петре Шилегов. 

Настанот ќе биде организиран согласно протоколот за организирање на настани во услови на пандемија, утврден од страна на Владата на РСМ.