Изложба на Современи (не)демократии – Исчезнување на јавниот човек 


Пред салата за седници на општина Центар денеска ќе се одржи изложба на Современи (не)демократии – Исчезнување на јавниот човек која е базирана на истражување од Јана Брсакоска, Ивана Васева, Филип Јовановски, Кристијан Караџовски и Наум Трајановски.

По изложбата, на истата локација ќе се одржи и јавната дебата АКТО Агора, со почеток во 13 часот на која гостуваат архитектот Бекир Адеми, Дивна Пенчиќ, професорка на Архитектонски факултет, Кочо Андоновски, активист и програмски директор на ЛГБТИ Центар за поддршка и активистот Филип Стојановски.

Овие настани се дел од 16. АКТО Фестивал за современи уметности „Современи (не)демократии“, продуциран од организацијата „Факултет за работи што не се учат – ФР~У“.

АКТО 16 е поддржан од Фондацијата „Хајнрих Бол Штифтунг“, Гете – Институт Скопје, Министерство за култура на Република Северна Македонија, Град Скопје.