Изложба на дела од Глигор Чемерски во родното Кавадарци


Изложба на дела од Глигор Чемерски беше отворена денеска во Музеј галеријата во неговиот роден град Кавадарци, по повод пет години од неговата смрт.

Изложени се дела на уметникот кои се дел од музејската збирка или красат кавадаречки јавни институции, но и такви кои се сопственост на приватни колекционери.

Директорката на Музејот, Весна Ѓорѓиева рече дека станува збор за автор на слики и мозаични композиции кои зрачат и пленат со изворна моќ со уметнички генијален израз.

Куратори на изложбата се кустосите Билјана Галабова и Трајче Цветков.

Цветков нагласи дека Чемерски, покрај тоа што е еден од најзначајните современи македонски сликари, тој е автор и на едни од најмонументалните и најубавите мозаици ширум нашата земја.

-Чемерски а е едно од водечките сликарски имиња на Југоисточна Европа, потенцираше Галабова.