Изложба на боди арт инсталации инспирирани од Рафаела Кара во НОБ


Во Националната опера и балет вечерва, во 19 часот,  ќе биде отворена изложбата „Carra“ на Бојан Ковски. Изложбата е инспирирана од италијанската танчерка и пејачка Рафаела Кара.

– Ова не е обична изложба. „Carra“ е експлозија на движења, бои и форми, каде телото станува платно, а секој потег – песна што не се слуша, туку гледа. Во оваа изложба, ќе бидат претставени 12 body-art инсталации, секоја со уникатен визуелен идентитет, кои на 15 македонски модели ќе раскажуваат своја приказна. Секое дело ќе биде овековечено од 12 фотографи. Во целокупниот визуелен израз, важен дел се и фризурите кои ја комплетираат уметничката инсталација, вели Ковски.