Излезноста во Србија во 9 часот е двојно поголема од 2023 – изнесува 12 отсто
Снимките од Србија и од дијаспората за огромните редови пред избирачките места уште од 7 часот изутрина се потврдуваат во бројките за излезноста.
Според проценките на Цесид и Ипсос на примерок од 94 отсто од изборниот материјал до девет часот гласале 12 отсто од бирачите.
Тоа е двојно повеќе од изборите во 2023 година, кога до девет часот излезноста беше 5,3 отсто.
Како што минува денот, се зголемува излезноста така расте и напнатоста. Околу триесет лица упаднаа во избирачко место во градот Дољевац близу Ниш и физички ги нападнаа присутните и го нарушија процесот на гласање, изјави за Н1 Драгана Милутиновиќ, адвокатка и политичка активистка од Ниш.
Од друга страна, провладините медиуми јавуваат дека наводно имало упад во кол-центарот на СНС во Батајница.