Излезноста до 17 часот е 34,62 отсто
Државната изборна комисија пред малку на прес-конференција соопшти дека излезеноста на гласачите до 17 часот изнесува 34,62 отсто. До 17 часот вкупно гласале 279.241 лица.Споредено со излезноста во првиот круг во 17 часот, тогаш таа изнесувала 39,62 отсто,
Од Комисијата информираа дека гласањето се одвива мирно и без поголеми неправилности, а избирачките места ќе бидат отворени до 19 часот.
Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека до 17 часот на избирачките места во земјата гласале 279.241 граѓанин, што претставува излезност од 39,28 проценти.
Највисока излезност до 17 часот е забележана во општина Конче – 64 проценти, Лозово – 62 проценти и Крушево – 61 процент. Најниска излезност е регистрирана во Шуто Оризари – 25 проценти и Куманово – 27 проценти.
Во останатите општини излезноста е следна: Аеродром – 36%, Боговиње – 34,53%, Брвеница – 48,78%, Валандово – 53%, Дебар – 35,91%, Дебарца – 51%, Демир Капија – 45%, Карпош – 40%, Кичево – 48%, Кочани – 34%, Македонска Каменица – 45%, Македонски Брод – 46%, Струга – 35%, Тетово – 39%, Центар – 39% и Чучер Сандево – 51%.
Од податоците се гледа дека значително е намалена излезноста во Скопје каде што до 17 часот изнесува 28,43%, бројка што е пониска во однос на првиот круг, кога до истиот временски период во Скопје гласале 40,36% од запишаните гласачи.
Од ДИК најавија дека следниот прес со конечната излезност и првичните резултати ќе биде одржан по затворањето на гласачките места во 19 часот.