Излезноста до 13 часот е над 26 отсто, во Скопје околу 32 отсто
Излезноста во 13 часот е поголема за 6 отсто во однос на 2019 година. Слаба излезност во повеќето општини во Западна Македонија
Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26, 35 отсто или гласале 430.364 граѓани од избирачките места од кои стигнале податоци. Тоа е 6 отсто повеќе од изборите во 2019, рече на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски.
Во скопските општини излезноста е околу 32 отсто. Слична излезност има и во Битола (30,28) и во Прилеп (31,41)
Според пристигнатите податоци, најголема излезност има во Новаци, 42,87 насто, а потоа следи Крива Паланка со 42,08. Најмала е во Центар Жупа, 9,12 отсто. Генерално излезноста во западниот дел од Македонија е мала – во Гостивар 16,31, во Дебар 13,32, во Маврово Ростуше 10,26, во Тетово 21,14., Желино 11,89, во Охрид 23,82, во Струга 15,65. Гласањето досега се одвива мирно на сите гласачки места.
Погледнете ја целата мапа на излезноста до 13 часот.
Досега до ДИК се доставени 140 приговори, од нив 16 се усвоени и на избирачите им е дозволено гласање, 8 се отфрлени, а 9 се одбиени. Останатите приговори се во обработка.
Освен на бесплатната телефонска линијата, може да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, на улицата Македонија бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен-куќата на Мајка Тереза). Денеска дежурства ќе има и во Подрачните канцеларии:Струмица на тел.бр.(034)329-996, Кичево на (045).228-586, Тетово на (044) 344-082, Битола на (047) 242-310, Штип на (032) 389-701 и во Куманово на (031) 431-488.