Изгласана новата бугарска влада


 

Народното собрание на Бугарија денеска ја избра новата Влада што ќе предводи премиерот Росен Жељасков.

„За“ гласаа 125 пратеници, „против“ беа 114, а немаше воздржани.

Со тоа, по многу обиди во изминатите четири години, седум изборни циклуси, и два и пол месеци по последните парламентарни избори, Бугарија доби редовна политичка влада.

Владата на Жељасков беше поддржана од пратениците на ГЕРБ-СДС, БСП и Има таков народ, како и од партијата ДПС – ДПС.

Против гласаа ПП-ДБ, Преродба, ДПС-Нов почеток и МЕЧ. 

Во новиот владин кабинет, коалицијата ГЕРБ-СДС има 11 министри, БСП пет, а Има таков народ ќе има четворица. ДПС–ДПС иако ја поддржа, нема да партиципира во новата влада.

Жељасков и новите министри веднаш по изборот положија заклетва.

Еве некои од министрите на бугарската влада:

Премиер – Росен Жељасков;

Вицепремиер и министер за иновации и раст – Томислав Дончев

Вицепремиер – Атанас Зафиров

Вицепремиер и министер за транспорт и врски – Гроздан Караѓов

Министерка за финансии – Теменушка Петкова

Министер за внатрешни работи – Даниел Митов

Министер за надворешни работи – Георг Георгиев

Министер за регионален развој и јавни работи – Иван Иванов

Министерот за труд и социјална политика – Борислав Гуцанов

Министер за одбрана – Атанас Запријанов

Министер за правда – Георги Георгиев

Министер за образование и наука – Красимир Валчев