Изгасени седум пожари, ативен е тој кај Цер


Осум пожари на отворено и неколку помали интервенции се регистрирани во последното деноноќие, а од вчерашните е активен се уште еден пожар во реон кај с. Цер, Кичевско.

Тој пожар е активен со различен интензитет, повеќе денови.

Конкретно, Регионалниот ЦУК Охрид, известува континуирано од 17.06.2024 кога во 16:00 часот,на отворено, на место викано „Рамнин“, атар на с.Цер (Општина Кичево), каде што почнала да гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и смрека. За настаната состојба веднаш биле известени Општина Кичево, ТППЕ Кичево и Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ во Кичево, ДЗС и МВР.

Во текот на вчерачниот ден (21.06.2024 година), Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ не учествувале во гасење на шумскиот пожар, освен што интервенирале 20-тина граѓани од месното население, а е интервенирано од воздух со хеликоптер на МВР, што во 7 до 8 наврати истурил вода на опожарениот простор, при што бил неутрализиран еден крак од пожарот. И покрај ваквите интервенции пожарот не е целосно изгаснат и е се уште активен и постои опасност пожарот да навлезе во букова шума, а во тој случај многу тешко би можел да се контролира.

За денеска е планирано во утрински часови Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ со својата екипа, а и месното население да интервенираат заедно со воздушна поддршка од страна на МВР на гасење на пожарот .
Другите седум пожари на отворено се изгаснати целосно.