Иванка Трамп блескаше во фустан од кристали и бисер на вечера пред инаугурацијата на нејзиниот татко


Најстарата ќерка на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп (78), Иванка Трамп (43) не го пропушти прединаугуративниот га асобир на нејзиниот татко што се одржа во арената Capital One во Вашингтон, каде изгледаше беспрекорно во фустан по нарачка од познатиот американски бренд Оскар де ла Рента.

„Незаборавна вечер со свеќи пред инаугурацијата на татко ми како 47-ми претседател“, напиша Иванка покрај фотографиите направени пред собирот, на кои позира со нејзиниот сопруг Џаред Кушнер (44) и нивните три деца – Арабела Роуз (13), Џозеф. Фредерик (10) и Теодор Џејмс (8).

Таа го украде вниманието на сите во гламурозна облека, а фотографите ја фатија како се дружи со милијардерот Илон Маск, основачот на Amazon Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез.

Откако таа и нејзиниот сопруг се повлекоа од политиката, тие живеат далеку од очите на јавноста, во нивниот дом во Мајами, но Иванка е една од најголемите поддржувачи на нејзиниот татко.

„Иако секогаш ќе го сакам и ќе го поддржувам татко ми, во иднина тоа ќе го правам надвор од политичката арена“, изјави еднаш Иванка.

Таа јавно му изрази поддршка во некои од најтешките моменти во изминатата година, како по обидот за атентат врз него во Пенсилванија во јули.

Иванка напиша на социјалните мрежи: „Ти благодарам за љубовта и молитвите за татко ми и за другите жртви на денешното бесмислено насилство… Те сакам тато, денес и секогаш“, напиша таа покрај објавата што ја објави на својот Инстаграм профил во тоа време.