Ивана Кнез ги спои тоалетите и накитот на импресивна ревија, ова се креациите инспирирани од познати филмови


Дизајнерката Ивана Кнез, позната по тоалетите и уникатниот накит, се врати на модната сцена со драматична ревија која ја остави младата публика со отворена уста – со инвентивноста и  сексапилноста, синоќа, на отворањето на Скопје фешн фестивал во Дајмонд мол. 

Кнез, на почетокот, на присутните гости под маски им ја сервираше цела своја кариера, на „замислена вечера“ како сценографија, убави манекенки низ сценска игра продефилираа во креации и накит замислени како стилски омаж на филмовите: The Pink Panther (1963), Scarface (1983), Pulp Fiction (1994), The Fifth Element (1997) и Gladiator (2000), изненадување беше пејачката Бојана Скендеровски која ја изведе „Lady Marmalade“ додека манекенките дефилираа во црвени корсети, буква по буква, формирајќи го насловот на ревијата „Viva La Drama“, за на крај, да ги изведе на писта сите соработници на ревијата, кои го добија славеничкиот букет. 

„ Ревијата ја посветувам на моите најмили, на оние кои ме поддржаа, без разлика на се што се случи изминативе петнаесет години. Наменета е за жени кои не се плашат да живеат, кои не се вклопуваат во туѓи критериуми за среќа и кои имаат храброст да бидат свои“, изјави Ивана Кнез, воочи ревијата. (Л.С.)

Фото: Скопје Фешн фестивал/ Дајмонд мол

Уметнички перформанс на Бојан Ковски