Итно предупредување од УХМР: Реките се пред излевање


Река Треска (Фото: Б. Грданоски)

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево издаде итно соопштение во кое предупредува на сериозна опасност од излевање на реките низ државата. Според најновиот „Хидро аларм“ за периодот од 1-ви до 2-ри април 2026 година, постои голема веројатност за нагло зголемување на водостојот на речните корита, што може да доведе до локални поплави.

Надлежните апелираат на максимална будност, особено кај населението кое живее во близина на критичните точки и речните сливови.

„Постои потенцијална опасност од излевање на реките во текот на денешниот и утрешниот ден. Ситуацијата внимателно се следи, а граѓаните треба да бидат крајно претпазливи“, велат од УХМР