Италијански накит достоен за ѕвезди на писта во Скопје: Chapter 3 испиша нова дизајнерска страница
Новите парчиња накит се веќе достапни во продажните салони Chapter03. во East Gate, во Рамстор и новиот, во Сити мол, кои изгледаат навистина светски
Ексклузивен италијански моден накит од асортиманот на Chapter 3, годинава е дел од модните презентации во рамки на традиционалното издание на Деновите на италијански дизајн.
Врвни парчиња накит креирани со изострена стилска прецизност и беспрекорен дизајн, од брендовите: Rebecca, Rue des Mille, Valentina Ferragni i Rosato, од новата пролетна колекција на Chapter 3, го нагласија уникатниот моден израз во рамки на модната ревија во Ист Гејт мол, која го означи стартот на 28. Моден викенд, со светско познати италијански брендови за облека и очила за сонце.
Секој бренд накит засебно, е автентична приказна со италијански наратив, совршена за креирање нови авантури и трендовски доживувања. Новите парчиња накит се веќе достапни во продажните салони Chapter03. во East Gate, во Рамстор и новиот, во Сити мол, кои изгледаат навистина светски.
Годинешното одбележување во знакот на врвните италијански модни брендови застапени во Македонија, се одвива под мотото „Создавање вредност: инклузивност, иновација и одржливост“.
Сите колекции на Rue des Mille раскажуваат своевидни приказни: фантазии кои се трансформирани во елегантни, уникатни, интересни и еклектички аксесоари. Секое парче накит е изработено од чисто сребро 925 со премаз од родиум или со позлата од 18 каратно злато во жолта или розе нијанса; Во мал дел од асортиманот се достапни и производи од чисто 18-каратно злато (најчесто во комбинација со лабораториски дијаманти или циркони); Како додатоци се користат природни камења, кристали и циркони; Секое парче од Rue des Mille накитот кое е боено, е емајлирано со премаз кој рачно се нанесува; Производите не содржат никел.
Денес Rue des Mille е еден од водечките брендови за накит во Италија, благодарение на иновациите и ентузијазмот на трендсетерите и јавните личности кои го носеле накитот во Италија, меѓу кои: Кјара Ферањи и нејзините сестри Валентина и Франческа, Аличе Кампело, актерката Сесилија Родригез, познати италијански пејачи и пејачки.
Валентина Ферањи е италијанска блогерка и инфлуенсерка, која својата страст за мода ја преточува низ сопствен бренд за накит, лансиран во септември 2020 година. Приказната започнува со иконичната обетка UALI која всушност е нејзин иницијал V достапна во мноштво бои. Обетките, кои се апсолутен хит, се комбинираат на неколку начини, а водечките магазини во Италија, како Cosmopolitan, Grazia, Gioia, Vogue, Elle, Vanity Fair во чекор ја следат секоја креација на Валентина, која брендот го збогатува и со ланчиња и алки. Секое парче накит на Валентина Ферањи е изработено од фини материјали како сребро 925, со позлата од 24 каратно жолто злато или платина, а процесите на фина доработка, емајлирање или поставување циркони, се целосно рачно изработени од врвни италијански јувелири. Занаетчиската експертиза на италијанското производство на накит е во сржта на секоја креација на Валентина Ферањи.
Брендот Rosato е основан во 2004 година од Симона Росато, а од 2011 година го превзема компанијата Brosway семејна компанија од Марке, Централна Италија. Rosato е бренд за жени, создаден од жени. Дизајниран во Италија, Rosato во својата селектива има бевременски, трендовски и моќни парчиња накит.
Модели на Росато низ годините биле и актерките Деми Мур и Елизабет Харли, а во моментов заштитно лице на брендот е актерката Сесилија Родригез.
Брендот Rebecca е основан во 2000 година во Фиренца од главниот дизајнер, Алесандро Тести. Основна дејност е производство и дистрибуција на високостилизиран накит и комплетна посветеност на иновациите – во однос на производите, услугите и процесите. Брендот името го добил по Ребека Тести, првото од трите деца на сопственикот, која во моментов работи како дизајнер и раководител на одделот за маркетинг на компанијата.
Главната производствена технологија е Cad/Сam, воведена за првпат во индустријата за накит во Италија од страна на Алесандро Тести. Тој комбинирал ласерски техники, дијамантско сечење, како и јувелирски процеси за патинирање и премачкување. Сите овие техники се користени во индустријата за производство на скапоцен накит, со единствена разлика што Александро Тести употребувал ценовно поевтини материјали за да добие достапно парче врвно изработен накит. Сите процеси се комплетно изведени во Италија (100% Made in Italy).
Накитот го имаат носено планетарно познати јавни личности како: Бијонсе, Ријана, Линзи Лохан, Ева Мендез, Пинк, Бар Рафаели и многу други.
Покрај сопствените линии, Industrie Testi S.p.A. е признаен партнер на многу светски познати мултинационални компании како: Fendi, Gucci, Balenciaga, Yves Saint Laurent, Burberry, Louis Vuitton и други.
Првата монобренд (ексклузивна flagship) продавница во Македонија е отворена во 2018 година.