Италијанец пешачел 400 километри по кавга со сопругата


Луѓе се шетаат на „Пјаца дел пополо“ во Рим откако Италија ги овори границите за европските земји (Фото: Ројтерс)

Италијанец изодел скоро 400 километри за „да си ја разбистри главата“ по расправија со неговата сопруга. Човекот бил запрен од полициска патрола рано наутро во понеделникот во близина на Фано, централна Италија.

Тој бил уморен и измрзнат, како што истакна полицискиот службеник Антонио Скванси.

„Пешакот“ ѝ рекол на полицијата дека се скарал со неговата сопруга и на 22 ноември го напуштил заедничкиот дом во покраината Комо во северна Италија. Тој прво со воз се упатил кон Милано, а потоа почнал да пешачи. Неговата цел, впрочем, била областа Апуља на југот на земјата.

Градот Фано се наоѓа на 380 километри од централната станица во Милано. Според „Гугл мапс“, за ова патување би биле потребни 79 часа пешачење.

Полицијата го одвела мажот во хотел и ја повикале неговата сопруга да дојде и „да си го прибере“ дома.

Властите, исто така, ги негираа наводите во некои медиуми на човекот му била пишана казна за кршење на државниот полициски час од 22 часот до 5 часот наутро.