Италијанците „случајно“ направија идеални хотели за пандемија


 

Италија во деведесеттите години на минатиот век почна да практикува туристички модел познат како „albergo diffuso” или расштркан хотел.

Ова претставува распоредување на собите од хотелот во различни куќи главно во напуштени села и може да биде совршено решение за туризот во време на пандемија од корона вирус, пишува Си-ен-ен.

Повеќето стари италијански села го делат истиот проблем – жителите заминуваат во градовите за да најдат работа, оставајќи зад себе празни куќи. Токму поради тоа во некои делови од државата многу е едноставно да се најде дом за малку пари, затоа што Италијанците се обидуваат да привлечат луѓе да се вратат и да ги пополнат празнините.

Хотелиерите ја искористија ситуацијата и откупија некои од овие села, и куќите ги трансформираа во луксузни апартмани. На тој начин гостите ќе можат да изнајмат комплетан куќа само за себе, но и да ги посетат рестораните и слични атракции во друг дел од селото.

На пример, оние кои ќе одлучат да ја посетат Италија штом туризмот почне да се опоравува – ќе може да уживаат во селото Сан Стефано ди Сесанио. Тоа е замрзнато во времето, а на посетителите им се нуди чист воздух, домашен леб, сирења, вина, вкусно овошје и разни видови месо.

Многу е традиционално, а во центарот се наоѓа кафуле кое нуди само домашна храна. Посетителите ги послужува келнер кој на драго срце ќе им обајсни кое јадење од што е направено.

Во Италија во моментот, отворени се 150 раштркани хотели. Се претпоставува дека овие хотели ќе играат важна улога во наредниот период кога државата ќе почне да „оздравува“ од штетата која ја направи пандемијата со корона вирус. Турситичкиот сектор верува дека туристите од прво ќе сакаат да престојуваат во одвоени апартмани, односно дека ќе сакаат да одржуваат физичка дистанца со странци.