Италија подготвува нови казни за брзо возење: 10 евра за секој километар над ограничувањето


Фото: Б. Грданоски

Италија разгледува нов начин за пресметување на сообраќајните казни, според кој возачите би плаќале по 10 евра за секој километар на час над дозволената брзина.

Моделот сè уште е само предлог и не е стапен во сила. Доколку биде усвоен, возач кој на автопат со ограничување од 130 км/ч вози со 140 км/ч би платил 100 евра, додека за 150 км/ч казната би изнесувала 200 евра.

Паралелно, Италија го проширува надзорот со системот Tutor 3.0, кој ја пресметува просечната брзина на возилото меѓу две контролни точки.

Предлог-законот може да претрпи измени во текот на законската процедура. Според актуелниот план, конечната одлука се очекува до октомври годинава.

Доколку биде прифатен, системот би донел едноставно правило – колку поголемо е пречекорувањето, толку повисока ќе биде казната.