Италија обвини климатски активисти за злосторничко здружување
Италијанска група активисти за климата се соочува со обвиненија за основање криминална организација. Обвиненијата се насочени против членовите на групата Ultima Generazione во Падова, северна Италија, изјави вчера портпаролот на полициската единица Дигос.
Дигос, кој е специјализиран за борба против тероризмот, рече дека групата е осомничена за попречување на слободата на движење на улиците и оштетување на културните добра.
Инспектори: Акциите на граѓанска непослушност не беа спонтани, туку организирани
Во некои случаи, само полициската интервенција спречи насилни инциденти во кои беа вклучени возачи како одговор на протестите во шпицот на сообраќајот.
Според весникот La Repubblica, истражителите го оправдуваат обвинението за формирање криминална организација со тоа што акциите на граѓанска непослушност не се случиле спонтано, туку биле организирани.
Активисти: Ненасилни граѓани се третираат како мафијаши
Активистите го критикуваа овој потег во соопштение, велејќи дека пет обични граѓани се соочуваат со обвиненија за основање криминална организација.
„Ненасилни граѓани се третираат како да се мафијаши“, се додава во соопштението.