Италија и Шпанија во финалето на Дејвис купот


Болоња– Тениските репрезентации на Италија и Шпанија ќе играат во финалето на овогодишното издание на најпрестижното тимско натпреварување во тенис, Дејвис купот.

Откако во петокот Италија ја победи Чешка со 2-1 во првото полуфинале на завршниот турнир во Болоња, тенисерите на Шпанија вечерва со максимални 2-0 ја совладаа Велика Британија.

Првиот бод за Шпанија го освои Рафаел Ходар, совладувајќи го Камерон Нори со 6-2, 7-5, додека Карлос Алкараз потоа го победи Артур Фери со 6-2, 6-1.

Утрешното финале ќе биде реприза на ланското во кое Италија победи со 2-0.

Италија има четири титули во Дејвис купот, а Шпанија шест.